Втора година по ред, Охрид е домаќин на прелиминарните квалификации за “Вигор бармен купот“ спонзориран од “Бадел“.  “Бармени“ од Охрид и Струга на плажата “Кадмо“ се натпреваруваа во класичното подготвување на коктел, за што одлучувачки е вкусот и изгледот на коктелот.

Шестмината “бармени“ кои ќе патуваат во завршната фаза

Среќните и најкреативните шест бармени обезбедија виза за Гевгелија каде на 1 и 2 октомври во казиното “Фламинго“ ќе се одржат полуфиналниот и финалниот натпревар.


– Задоволен сум од пласманот понатаму, тоа и го очекував. На минатогодишниот “Вигор бармен куп“ го освоив 5-то место, а сега моите амбиции се да бидам меѓу првите тројца – рече Роберт Костоски, кој беше најмладиот “бармен“ помеѓу натпреварувачите.



Хитот на летото коктелот “Ла Бамбола“

– Прв пат учествувам на вакво натпреварување, на почетокот ме фати трема но како почнав да “миксам“ тремата се изгуби. Коктелот не испадна како што очекував но среќата ми се насмевна и се пласирав во 1/2 финалето, што е голем успех за мене – истакна пресреќниот Благојче Ристески.

Караванот “Вигор бармен купот“ продолжува со натпревари во Битола, Струмица и Скопје.

Михаил Постоловски