Фото: Во Лагадин одбележан празникот Св. Маченички Софија, Љубов, Вера и Надеж
30.09.24 14:36
Голем број верници денес присуствуваа на богослужбата по повод празникот на светите маченички Софија, Љубов, Вера и Надеж, што се одржа во малата истоимена црква во месноста Лагадин крај Охрид.
Традицијата на овој ден е да се осветат празничната софра и вода, а граѓаните трпеливо во редици чекаа да запалат свеќа во малата црква. Во Лагадин дојдоа и голем број охриѓани и охриѓанки кои ги носат имињата на маченичките.
Малата црква во Лагадин посветена на светите маченички Софија, Љубов, Вера и Надеж, во 2000 година ја изгради охриѓанецот Љупчо Патче, кој средствата кои се собираат во црквата на овој ден ги донира во хумани цели.
Во својот богослужбен циклус, Црквата на овој ден се сеќава на животот и мачеништвото на четири римјанки Вера, Надеж, Љубов и нивната мајка Софија. Овие четири христоподобни души беа приведени од римските власти за време на прогоните на императорот Хадријан, во првата половина на вториот век по Христа.
Заради исповедањето на Христа и одбивањето да принесат жртви пред празниот идол на Артемида, Вера, Надеж и Љубов беа ставени на маки пред очите на нивната мајка и најпосле им беа отсечени главите. Софија ги зеде и ги закопа телата на своите три ќерки и откако помина три дена и ноќи во молитва над нивниот гроб, го предаде својот дух на Бога.
Во Лагадин одбележан празникот Св. Маченички Софија, Љубов, Вера и Надеж
ГРК Охрид го совлада Еурофарм Пелистер 2 со 33:20 во натпревар од 15 коло од Супер лигата, што се одигра вечерва во салата „Билјанини извори“ Охрид доминираше во текот на целиот меч и постојано ја ...
На пригодна свеченост што се одржа на светскиот ден на волонтерството – 5 Декември, Црвениот крст Охрид им додели признанија на заслужни волонтери и крводарители во знак на благодарност за ни...
Во рамките на чествувањата на Св Климент Охридски, денес во големата сала на Општина Охрид, беше промовирана заокружената целина на книгата „Охридски летопис“ од авторите проф д-р Павле Митрески и ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.