Врнежите од дожд во текот на ноќта преминаа во снег. Веќе е формирана мала снежна покривка, а  снегот и натаму паѓа.

Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи, во Охрид, и во текот на денот ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од снег и максимална температура до 2 степени Целзиусови. Под влијание на студен бран од север од недела ќе има драстично опаѓање на температурите, кои на места во текот на ноќта ќе се спуштат и до – 19 степени.


Врнежи од снег го зафатија Охрид
 
OhridNews
фото: Г. Момироски/ В. Бујароски