Илјадници туристи од земјава и странство престојуваат во Охрид за Велигден. Продолжениот празничен Викенд кој ги спои Велигден и 1ви Мај, го исполни градот како во шпиц на сезона.
-Исполнетоста на нашиот капацитет е над 80 проценти. Најавите, пак, за главната тиристичка сезона се уште подобри. Очекуваме гости од соседството но и од други eвропски држави.-изјави Елена Блажевска , менаџер во х. „Чинго“.
Во стариот дел на градот деновиве врие од туристи. Културно историското наследство на Охрид ги одушевува гостите.
-Охрид е преубав. Одушевена сум од глетката и ќе ги поканам моите пријатели да го посетат Охрид. – рече туристка од Бугарија.
-Градот е прекрасен, а гостопримството на неговите жители само треба да се доживее.- истакна турист од Црна Гора.
Во вторник на охридскиот аеродром се очекува да слета првата група туристи од Холандија, со што и официјално ќе започне туристичката сезона во Охрид.
OhridNews























