Атлетската манифестација Охрид трчаТ повторно беше топ тема и ги помести границите во спортот, но не заборави на своите партнери и „постари браќа“. Пред крајот на третото издание организаторите со посебни признанија им се заблагодарија на спортските партнери Скопски маратон и полумаратоните во Дубровник и Бања Лука.

  • Вашите успешни приказни се наша мотивација, Вашите јубилеии се нашиот пат, а Вашето пријателство е нашиот живот. Без вас немаше да бидеме она што сме денес во нашиот град, нашата земја и странство. Ви благодариме! – стои во објавата на социјалните мрежи.

На третото издание на Охрид трчаТ настапија рекорден број на учесници. Победата на 10 километри им припадна на Дарио Ивановски од Македонија и Теодора Симовиќ од Србија. Организаторите ден после Охрид трчаТ најавија збогатување на програмата односно полумаратон на 21 километар.

OhridNews