Заробената плашица во каналчето кај Билјанини извори, која поради недостаток на вода не може да се врати во природното живеалиште во каналот Студенчишта, продолжува да се изловува. Надлежните институции деновиве зедоаа мостри од застојаната вода во каналчето со цел да се утврди дали евентуално постои некакво загадување, но тоа очигледно не им смета на поединци да ја изловуваат плашицата, за која постои сомневање дека се продава на пазарот, што според спортските риболовци е забрането да се прави.


Заробената плашица во каналчето се изловува


OhridNews
фото: Емилио