Синоќа во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ се одржа годишен концерт на фолклорниот ансамбл „Отекс фолк“.
Настанот беше отворен со настап на најмладите играорки со кореограгифија „Билјана“, а потоа следеа „Охридски игри“, „Водарки“ и „Егејски игри“.
Вечерта ја затвори првиот состав на фолклорниот ансамбл со кореографија од Источна Македонија и малешевијата.
Инаку, ФА „Отекс фолк“ од 26-ти јуни до 1-ви јули ќе биде дел од фолклорниот фестивал „Витоша“ во Софија, а летниот период ќе биде заокружен со учество на Меѓународниот фестивал „Карпати“ во Питеши, Романија, кој има натпреварувачки карактер.
OhridNews
Фото: „Мега продукција“