Десет професионални рибари од струшкото село Радожда со влак и друг  професионален рибарски алат го извршија изловот на рибата од акумулацијата Слатино, при што изловени се околу 500 примероци на крап од 300 грама до 5 килограми и друга бела риба од околу 500 килограми. 

Дел од рибата е префрлен во Требенишко  езеро и Хидробиолошки завод , а дел во реките во сливното подрачје на Охридско Езеро, а неафтохтона риба како карсот е отсранета.

Изловот се вршеше до доцните вечерни часови под надзор на преставници од ЈНУ Хидробиолошки институт и Државен инспектор за рибарство.

OhridNews