Поголемиот дел од канделабрите на уличното осветлување од улицата ,,Питу Гули” во Охрид, намаат заштитни капаци и од нив висат неизолирани жици со струја.

Граѓаните кои секојдневно минуваат по оваа улица велат дека стравуваат за безбедноста на своите деца и бараат од надлежните служби во најскоро време да го решат овој проблем.

-Со оглед на тоа дека се работи за жици од светилка низ која тече струја се сомневам дека жиците кои се соголени се безопасни. Особено стравувам за моите внучиња кои учат во училиштето ,,Христо Узунов” и секојдневно минуваат покрај канделабрите, а деца како деца, не можат да внимаваат како возрасните, вели еден  господин кој е сопственик на куќа на гореспoменатата улица. Според него жиците можат да бидат особено опасни кога времето е влажно или има врнежи на дожд.

Инаку ова не прв случај кога граѓаните реагираат на необезбедените улични светилки. Вакви слични проблеми имаше и на голем број други охридски улици.

OhridNews