Охриѓани можат да забележат невообичаена глетка пред станбен комплекс оддалечен на неколку стотини метри од централното градско подрачје.

Пред зградата во близина на улицата „Абас Емин“, патка, петел, кокошка и две мачки се пример за меѓусебен соживот.

Граѓаните од околните згради, по малку на шега велат дека овие животни се пример како треба да живеат луѓето без оглед на различностите.

О.Т.