Фото: Животната средина и урбаното живеење во Охрид низ делата на меѓународни уметници
26.04.24 09:20
Групна изложба посветена на животната средина и урбаното живеење во Охрид беше отворена вчеравечер во Центарот за култура „Григор Прличев“ во рамки на проектот ПРОСПЕР.
Осуммина меѓународни уметници престојуваа во Охрид во април 2024 година како дел од проектот ПРОСПЕР: ПРОтотип за одржливи резиденции на ПЕРиферии. За време на престојот тие се сплотија со околината и остварија интеракција со природата и со урбаното опкружување околу Езерото.
Идејата беше да се инспирираат уметниците да пронајдат врски помеѓу нивната авторска практика и кревката околина на Охридското Езеро и неговите жители. Уметниците се изразија преку создавање: фотографии, скулптури, композиции, поеми и интервенции на пронајдени предмети. Траги од нивното креативно истражување беа изложени во рамките на групната изложба.
На изложбата можеa да се видат делата на: Јара Асмар (Yara Asmar), Клаудио Беоркија (Claudio Beorchia), Јулија Ехлер (Julia Eichler), Кафар Рзаев (Qafar Rzayev), а изведено беше и перформативно поетско читање на Ката Ѓорфи (Kata Győrfi).
Дел од уметниците твореа на јавни површини на самото Езеро и во неговата околина. Муралите на Марија Видовиќ (Marija Vidović) може да се видат на повеќе локации во Охрид, а медитативното звучно доживување на вода на The New Liquidity Андерс Ехлин (Anders Ehlin) и Селма Бошкаило (Selma Boskailo) се случува на Езерото.
Проектот ПРОСПЕР го реализираат 5 организа- ции: Перипетија Продукција и ЛДА Струга (С.Македонија), ЛУП (Грција), Ехо анимато (Србија) и Ојун (Германија).
Проектот е кофинансиран од програмата Креативна Европа на Европската Унија, како и од Министерството за култура на Република Северна Македонија.
Животната средина и урбаното живеење во Охрид низ делата на меѓународни уметници
Љубителите на малиот фудбал од овојнпеток повторно ќе уживаат во возбудувањата на традиционалниот турнир „Велгошти 2026“, кој и ова лето ќе ги собере најдобрите екипи и голем број љубители на спорт...
ЈП „Билјанини Извори“ воведе нов софтверски систем за паркирање, со кој на граѓаните и посетителите им се овозможува побрзо, поедноставно и целосно онлајн плаќање на паркинг-услугите Со новиот сист...
Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ вечерва продолжува со концертот на триото „Кимера“ од Италија што ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот Триото го сочинуваат ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.