Женскиот центар „Бисера“ од Охрид, денеска им додели награди и пофалници на сопствениците на три најубави дворови во Охрид.

По објавениот награден конкурс, за најубави дворви се избрани на Маре Наумоска на улицата „Гоце Делчев“, Билјана и Ѓоко Константинови на улицата „Димитар Влахов“, како и на Златица Зимоска во населбата „Охридати“.

Инаку, наградите се спонзорирани од Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“.

OhridNews