Со богата свечена приредба ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ го одбележаа својот патронен празник во спортската сала „Билјанини извори“.

Денес Јавната установа „Јасна Ристеска“ секој ден згрижува околу 1000 деца, рапоредени во 5 објекти и 4 просторни услови. Ве уверувам дека како локална самоуправа максимално сме посветени континуирано да ги подобруваме условите за работа и престој на нашите најмили, бидејќи цврсто сме уверени дека децата се нашето најголемо богатство. Ве поканувам да го проследиме „Детскиот шарен свет“ и да уживаме во невината и инвентивна детска игра, истакна Пецаков во своето обраќање.
Ми претставува особена чест и задоволство што уште една генерација наши дечиња со очиња полни радост, срца исполнети со љубов и широко отворени рачиња ќе ни го разубават денот со прекрасна програма подготвена со многу труд и посветеност, рече директорката на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, Ирина Милеска.
Нашите најмили, преку игра и песна ќе ја пренесат топлината и убавината на нивниот свет, а ние возрасните ќе се присетиме колку е важно да се радуваме на малите работи во животот, додаде Милеска.
Во рамки на свечената програма беа изведени бројни музички и танцувачки точки подготвени од најмладите, под менторство на воспитувачите од градинката.

Фото галерија:
ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ го одбележа патрониот празник
Н.С.Ј.
фото. А. Момироска

























































