
Данското списание “Se og Hor” објавило фотографии на принцезата Кејт, направени додека таа го преслекува костумот за капење на одморот во Франција.
Странските медиуми претпоставуваат дека кралското семејство ќе подигне уште една тужба, бидејќи остро реагирало кога француското списание “Closer” објавило фотографии на војвотката во топлес.
Списанието морало да го повлече од продажба изданието со фотографијата на градите на принцезата, а се очекува истата судбина да го снајде и данското списание.











