Вечерва со почеток во 20:35 часот во кафе бар „Шила“ ќе биде отворена изложбата на фотографии „Farbige Sicht“ од  охриѓанецот Јован Куциновски. Изложбата ја сочинуваат 23 фотографии на кои можат да се видат впечатливи швајцарски пејсажи.

Оваа изложбена поставка претходно беше претставена и во Скопје.

OhridNews