Право на учество за „ФОТОГРАФИЈА НА НЕДЕЛАТА“ на општинската веб страница имаат сите љубители на фотографијата која ја користат како професија или хоби. Покрај државјаните на Република Македонија, право на учество имаат и странски државјани.
– Фотографиите кои ќе се испраќаат треба да бидат со мотив од природното и културно наследство на градот и регионот, како и фотографии со мотиви кои исполнуваат минимален критериум за уметничка фотографија. Темата е широка и дозволени се сите мотиви, агли и погледи. Предност имаат фотографиите од поново време, но подеднаков третман во изборот ќе имаат и фотографиите со постар датум на изработка, доколку не биле претходно јавно објавувани, односно масовно експлоатирани, информираат од локалната самоуправа.
Секој учесник во текот на еден месец ќе може да испрати најмногу две фотографии.