Фотографија со мотив од црквата „Св. Јован Канео“ и Охридско Езеро на охриѓанецот Даниел Јовески се наоѓа на кориците на монографијата „Чудесна Македонија“.

Оваа монографија е публикација што се состои од луксузна печатена книга од 230 страници во колор, како и видеофилм на ДВД со истата содржина. Со својата текстуална и исклучително богата визуелна структура овој проект изразува автентично гледиште за минатото , но и статусот на Македонија денес во современата европска реалност. Нашите епохални духовни и културни процеси низ вековите ја прават Македонија базична цивилизациска оска на Балканот, Медитеранот и Европа. На македонска почва почнала христијанизацијата, борбата за рамноправност на јазиците, светите Кирил и Методиј на светот му го подарија кирилското писмо . Македонија е должна на Европа и на светот да им ги направи колку што е можно подостапни уникатните културно-историски убавини.” – вели авторот на ова дело, Иво Јанковски, кој преку продукциската куќа „Трето уво“, долги години работеше на создавањето на ова дело, за кое вели дека е уникатно.

Инаку, оваа луксузна монографија за Македонија, насловена како „Чудесна Македонија“ во идниот период ќе биде достапна за домашната и странска публика.

OhridNews