Со фоторафија од манастирот „Св. Јован Богослов Канео“ и Охридското Езеро,  украсена е насловната страна на специјалниот додаток Травелер, на „National Geographic“.

Во соработка со „USAID“, љубителите на природата преку овој туристички водич, ќе можат да се запознаат со убавините на земјите од западен Балкан. Во него вклучени се 46 различни начини, како да се истражат Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора, Косово и Србија.

Овој регион во прирачникот е опишан како крстосница на пресудни моменти, каде што владетелите на империите се среќавале и бореле. Исто така, потенцирано е дека овие простори се со карактеристична архитектура, традиција, музика и особено вкусна кујна. Напоменати се средновековните православни манастири, кои заедно со џамиите и минарињата стојат заедно во градските ѕидини. Не се заборавени ниту старите Грци, Римјаните, Венецијанците, Турците, Австро-Унгарците и Словените кои оставиле неизбришлив белег сведочејќи за културниот развој на овие простори.

Инаку, природните убавини кои ги нуди нашиот град, не се прв пат на насловните страни на  популарните спсијанија. Пред една седмица, фотографијата со слика од езерото, се најде меѓу надобрите според еден престижен американски весник.

OhridNews