Македонскиот фоторепортер Борис Грданоски е авторот на најсподелуваната фотографија од Суперкупот во Скопје, на која фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Маруан Фелаини, има направено смешен израз на лицето. И Фелаини се огласи на „Твитер“ за фотографијата, па напиша: „Благодарам за оваа фотографија. Навистина е интересна“.
– Оваа фотографија само покажува дека воопшто не е лесна нивната работа на теренот. Дури и во еден ваков замрзнат миг се гледа каков е шокот од ударот на топка по глава, особено кога не го очекуваш. Нивната работа на теренот невистина е тешка. – изјави за „Макфакс“, Борис Грданоски кој до неодамна беше уредник на фотографија во весникот „Вест“
Фотографијата на Грданоски сите ја споделуваат. Тој 17 години беше фоторепортер и уредник на фотографија во дневниот весник „Вест“, и тоа од првиот број до затворањето на весникот. Тој е дописник на агенцијата „Асошиетед прес“. Кариерата како фоторепортер ја започнал во „Нова Македонија. Грданоски во својата кариера ги има забележано сите важни настани во поновата македонска историја. Но, за одбележување е неговата посета во Уганда, во Гулу, северна област и град во Уганда, каде што се соочил со еболата во ноември 2000 година како фоторепортер за „Асошиетед прес“. Добитник е на европската награда „Жан Моне“.
OhridNews