Франција, конечно, по освојувањето на светската титула запоседна на првото метсо на ФИФА листата, првпат во воведувањето на новата формула.

„Триколорите“ од шестото место скокнуваат на првото место првпат по 16 години, на местото кое последен пат го држеа во мај 2002. Сепак, зад нив со само три поени помалку се Белгијците кои ги поминаа Бразилците на третото место. Хрватска го израмнува најдобриот пласман на четвртото место, по што следуваат Уругвај, Англија, Португалија, Швајцарија, Шпанија и Данска во топ 10.

Македонија пак, скокна едно место и сега е на 70. позиција со идентичен број на поени со Саудиска Арабија, учесник на Мундијалот.

Новиот систем, одобрен од Советот на ФИФА во јуни, се базира на додавање и одземање на поени за натпревар на претходниот збир на поени, наместо на проечниот број на поени во одреден период. Со оваа промена, неактивните тимови ги задржуваат своите поени, без „пропаѓање“ на претходниот поени, но поените се губат со порази или нерешени натпревари против послабите противници (со исклучок на нокаут натпреварите на големите натпреварувања).

OhridNews