Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Франција во Република Македонија, Кристоф Ле Риголер кој беше во прва официјална посета на Општина Охрид.

На средбата се разговарало и за конкретните активности во делот на заштита и зачувување на животната средина и Охридското Езеро.
Градоначалникот го информираше амбасадорот за начинот на функционирање на туристичкиот сектор во Охрид и подготовката на новата Стратегија за развој на туризмот, која ќе придонесе за поквалитетен туристички производ во иднина. Тема на разговор беше и реализацијата на иницијативата за воспоставување на поголемо меѓунaродно партнерство помеѓу Општина Охрид и Општина Бонди од Париз. Беше потенцирано дека оваа соработка ќе придонесе за продлабочување на пријателството помеѓу македонскиот и францускиот народ, во насока на промоција на ликот и делото на светски познатиот научник д-р Анастас Коцарев, кој е по потекло од Охрид, а живеел и работел во Париз, посочуваат.

OhridNews












