Холандскиот стручњак Фрaнк де Бур не е повеќе предводник на Кристал Палас, откако челниците на клубот предвреме ја прекинаа соработката.
Де Бур имаше кошмарен старт со екипата во Премиер лигата претрпувајќи четири порази притоа без да постигне погодок во противничките мрежи.
47-годишниот стратег се запиша во негативата листа на рекорди во Премиер лигата предвојќи го тимот само на четири мечеви. Тој на вечната листа го претекна Лес Рид кој во 2006 година го предводеше Чарлтон седум мечеви во 40 денови.
Де Бур исто така имаше неуспешна авантура и во Интер, кој го предводеше само половина сезона. За наследник на Холанѓанецот се споменуваат Рој Хоџсон и поранешниот менаџер на Кристал Палас, Сем Алардајс.
OhridNews