Олимпискиот првак Франција е новиот светски првак. Во финалето во Загреб триколорите го совладаа домаќинот Хрватска со 24-19 (11-12).


Натпреварот помина во израмнета борба се до средината во второто полувреме, кога француската одбрана го запре хрватскиот напад. Цели десет минути од 44 до 54 минута  “коцкeстите“ не го пронајдоа патот кон мрежата на Омејер, што на крајот се покажаа одлучувачко во поразот.


Во натпреварот за третото место Полска ја совлада Данска 31-23.

ohridnews