Француски експерти ќе помогнат во реставрација на објекти во Охрид
27.12.12 09:30
Со поддршка на француски експерти во Охрид ќе се интензивира реставрацијата и ревитализацијата на објекти од старата градска архитектура. Ова го најави францускиот вршител на должност амбасадор Жан Лик Форе- Турнер по потпишувањето на Меморандумот за соработка со министерката за култура Елизабета- Канческа- Милеска, кој се однесува на македонско- француската програма за заштита и промоција на културното наследство на Македонија за периодот 2013-2015.
Француските експерти ќе помогнат при утврдувањето на состојбата на објектите и планирањето на нивната реставрација и ревитализација.
Освен во Охрид, вакви зафати се предвиднеи и во Скопје, Битола, Штип, Велес, Крушево и уште неколку други градови во земјава.
Македонско–француската програма за заштита и промоција на културното наследство на РМ започна да се спроведува во 1999 година во партнерска соработка со градот Скопје, а потоа и со Битола и Велес како седиште на македонската Асоцијација на градови со архитектонско културно наследство.
Основното јавно обвинителство Струга денеска поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 4 во врска со став 1 од К...
Во првите 8 месеци од годината, од јануари до август, ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор на двата македонски аеродроми, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св Апостол Павле Охрид опслужи...
На 16092025 во 23:00 часот, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода 29-годишно лице од Струга и на 17092025 околу 11:00 часот лишија од слобода 34-годишно лице од струшкото село Велешт...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.