Дванаесет навивачи на францускиот клуб Сент Етиен се повредени во масовната навивачка тепачка во Киев, по натпреварот во Лига Европа, против Дњипро, објавија украинските медиуми.
Некои од навивачите бил прободени со нож во тепачката со Украинците, која се случила во улицата Прорижна. Телевизијата Хромадска наведува дека француските навивачи го запалиле украинското знаме, што било повод за тепачката пренесува „Макфакс“.
Според очевидци во тепачката биле користени ножеви и бејзбол палки, а се слушнале и истрели од огнено оружје. Инаку, навивачите на Дњипро оваа сеозна веќе имаа сличен инцидент со навивачите на Копенхаген.
Дњипро, поради нестабилната политичка ситуација во Украина, своите натпревари не може да ги играат во Дњепропетровски.
Дњипро го победи Сент Етиен со 1:0 и избори пласман во шеснаесетфиналето во Лига Европа.
Ohridnews