
Оваа теза, на која засега не укажува ништо конкретно, се појави денеска и во француските медуми, кои говорат за мистеријата на авионската несреќа и за шокот во кој е нацијата по исчезнувањето на „Ербасот А330“, кој леташе од Рио де Женеиро за Париз.
Француската Влада за сега одбива да ја потврди информацијата на бразилската војска дека пилот на комерцијален авион на бразилската компанија ТАМ здогледал остатоци од авион во воздушниот простор на Сенегал. Бразил и Франција од изутринава ја интензивираа потрагата по авионот. Десетина авиони и три брода трагаат по остатоците во зоната, каде е примен последниот автоматски сигнал од авионот за прекин со напојување со електрична енергија. Во потрагата се вклучени и САД со свој воен авион и спасувачка екипа.
Остатоци од Ербасот пронајдени во сенегалските територијални води
извор: Телма











