Бидејќи судовите не даваат информации за точната бројка на кривични пријави, до оваа бројка ЗНМ дошле по пат на информации од редакциите каде што биле тужени.
„Покрај најави на некој политички партии, пред се на владеачката ВМРО- ДПМНЕ дека ќе ги повлечат пријавите, нашите информации говорат дека се уште е сериозен бројот на кривични пријави за клевета кои се поднесуваат против новинарите.Сметаме дека ова стампедо на кривични пријави мора што поскоро да престане“, изјави претседателот на ЗНМ Роберт Поповски.
Поповски и адвокатот на ЗНМ Филип Медарски на дебатата апелираа да се смени судската пракса да се суди без да се земаат во обзир доказите на новинарите, да се донесува пресуда во едно рочиште и да се исклучува правото на жалба во повеќето случаи.
Поповски оцени дека казните кои судот ги одредува се енормни и достигнуваат до 20.000 евра и дека сево ова води кон обид за внесување страв кај новинарите и обид за цензура.
Меѓудругото беше дискутирано и за проблемот на поднесување кривична пријава за клевета таргетирајќи го исклучиво новинарот а не медиумот за кој работи.
извор: Макфакс