
Во поглед на граѓанските слободи, Македонија ја задржа истата оценка односно три, а во групата делумно слободни земји се меѓу другите и Босна и Херцеговина, Косово, Украина, Молдавија. Од регионот во групата слободни земји се Србија, Хрватска и Црна Гора.
Извештајот на Freedom House покажува дека изминатата година во светот е забележан вознемирувачки пад на слободата. Севкупно во извештајот се оценува нивото на слобода во 195 земји, од кои 89 се слободни, 55 делумно слободни и во 51 земји нема слобода.
OhridNews











