Поранешниот англиски репрезентативец и фудбалер на Челси, Френк Лампард подготвен е да започне менаџерска кариера, откако ги положил потребните испити кои се неопходни за добивање на потребната А лиценца.

39-годишнит Лампард низ активното играње фудбал акумулираше големо искуство, а сега сето тоа ќе треба да го пренесе. Англиските медиуми Лампард го токмат за клупата на Ипсвич, кој остана без тренер.

– Поминав доста време во Челзи оваа година, собирав искуство. Веќе направив сè што е потребно за да добијам „А“ лиценца во тренерската професија. Значи да – при вистинската можност, во вистинско време, многу веројатно е да прифатам предизвик. – рече Лампард.

Генарацијата на Лампард односно неговите поранешни соиграчи од англиската репрезентација и Челси веќе имаат ангажмани во фудбалот. Стивен Џерард ги предводи младинците на Ливерпул, Рио Фердинанд, Гери Невил и Карагер се стручни коментатори на англиските телевизии, Пол Сколс е фудбалски советник во Виетнам, а Рајан Гигс селектор на Велс.

OhridNews