Легендарниот фудбалер на Челси, Френк Лампард би можел да се врати на Стемфорд Бриџ со нова улога. Лампард е најголем кандидат за преземање на функцијата спортски директор во клубот.

Една од најбитните позиции во големите клубови остана празна во Челси, откако Мајкл Еменало замина самоволно од клубот.

Челси и поранешниот фудбалер и член на англиската репрезентација преговараа и се очекува за краток временски период да најдат заеднички јазик.

Лампард во дресот на Челси настапуваше 13 години и стана најдобар стрелец во клупската историја.

Еменало кој точно една деценија беше дел од тимот на Челси кариерата ќе ја продолжи во Монако.

OhridNews