Легендата на Челси и англиската репрезентација, Френк Лампард во тимот на Дерби Каунти ќе ја започне менаџерска кариера. Лампард со екипата на Дерби која следната сезона ќе се натпреварува во Чемпионшип дивизијата потпиша тригодишен договор.
– Секогаш да водам клуб со голема традиција и богата историја, а со презамањето на Дерби ми се исполни желбата. Првата цел со клубот ќе ни биде пласман во првите шест, а втората шанса за младите таленти кои во изобилство ги младинската школа. Што се однесува до мојот квалитет, низ годините како играч работев со еминетни тренери и мислам дека акумулирав доволно знаење за да го пренесам на другите. – изјави Лампард.
Лампард е втор фудбалер од некогаш „златната генерација“ на Англија која презеде кормило на клуб. Неодамна, Стивен Џерард официјално беше промовиран во менаџер на Глазгов Ренџерс.
OhridNews