
Во најновиот извештај, насловен како „Нациите во транзиција“, во делот за Македонија се вели дека причината поради која таа паѓа на скалата на почитувањето на демократските слободи и права, во најголема мера се однесува на „слободата на медиумите“.
Во завршната оценка, „Фридом Хаус“ заклучува дека „сеприсутната корупција, длабоката партизација на граѓанскиот сектор, како и намалувањето на кредибилитетот на медиуми се заканува за демократскиот развој на Македонија и иднината на интеграција во ЕУ и НАТО“.
Освен земјава, во оваа група се наоѓаат уште Молдавија, Украина, Грузија, БиХ и Албанија.
OhridNews












