Македонија се најде во групата на делумно слободни земји во најновиот извештај „Слобода на светот“ на невладината организација Фридом хаус во кој се оценува состојбата со почитувањето на човековите права и на политичките слободи, пренесува “„Макфакс“.
Земјава е оценета со тројка и во однос на човековите права и во однос на политичките слободи. Највисоката оценка е единица, а најлошата е седумка.
Во групата на делумно слободни земји спаѓаат , Босна и Херцеговина, Грузија, Косово, Украина и Пакистан. Како слободни земји од Балканот, се оценети Србија, Црна Гора и Хрватска.
Според извештајот делумно слободните земји патат од корупција, слабо владеење на правото, етнички и верски судири и политичка сцена на која една партија е доминантна, и покрај одреденото ниво на плурализмот.
Што се однесува на состојбата со човековите права на глобално ниво, во светот во 2012 година имало 90 потполно слободни држави, односно 46 отсто од 195 земји, колку што се опфатени во извештајот.
Според оваа организација 58 земји се делумно слободни, додека 47 се неслободни. Неслободни држави се оние во кои не постојат основни политички права, а граѓанските слободи се кршат систематски.
извор:„Макфакс“