
Македонија бележи пад за уште две места во однос на лани, и се најде на 122. место, кое го дели со Кенија и Конго, а пред нас е Сиера Леоне.
Како причини за задушување на слободата на печатот се посочуваат јавните обиди на владите да ги контролираат весниците преку притисок врз новинарите кои известуваат за чувствителни теми и настани, преку ограничување на активностите на странските дописници и преку затегнување на ограничувањата врз новинарските сајтови на интернет и социјалните медиуми.
Од оценетите 197 земји и територии во 2013 година, 63 од нив (32 отсто) се оценети како слободни, 68 како делумно слободни, и 66 како неслободни.
OhridNews
извор: „Телма“












