Неодамна спроведено истражување во Австралија покажало дека фризурата е значаен фактор во проценката на нечија сериознос на работното место. За 75 проценти од испитаниците, фризурата чини интегрален дел од личноста, и го прикажува степенот на нашата професионалност. Лицата со црвена коса се сметаат за најмалку професионални, додека за жените со распуштена коса се смета дека се помалку компетентни од оние кои ја држат косата врзана.

Според истражувањето, кое било спроведено од компанијата за козметички производи „Боши Хеар“, 52 проценти од мажите и 64 проценти од жените рекле дека подобро работат со уредна фризура. Еден експерт за кој резултатите не биле изненадување, рекол дека луѓето обично сметаат дека доколку некоја личност е дисциплинирана во еден домен, тогаш е таква и во другите. Според него, сликата која ја испраќаме до другите треба да прикажува беспрекорна личност како работодавачот би стекнал впечаток дека и работата која ја извршуваме ќе биде уредно извршена.