На 29 март оваа година околу 00.45 часот во СВР Охрид пријавено е дека 30-годишна охриѓанка го нарушила јавниот ред и мир со викање, непристојно однесување и фрлање предмети кон домот на 23-годишно лице, лоциран на улицата „Момчило Јорданоски“ во Охрид.

Жената е повикана на разговор во полициската станица и против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

OhridNews