Во Центарот за култура, денес, со почеток во 13 часот, трибина ќе оддржи граѓанската иницијатива „Фронт на народот, Фронт за Македонија“.
На трибината се поканети да учествуваат: Марјан Камиловски, уметник, Виолета Наумовска, професор, Бранко Крстевски, професор, Јане Бакрески, професор, Атанас Николовски, спортист, Славе Ѓорго Димовски, поет-писател и Јован Јаулевски СПУКМ.
Тема на трибината е “Актуелните политички случувања и нивната импликација врз општественото живеење”.











