Како што рече универзитетската професорка Виолета Наумоска, граѓаните на Македонија треба да ги поврзува она што е заедничко- грижата за земјата.
– Оттука моето разочарување за опозицијата која со 42 мандата доби голема доверба од народот и јас очекувам тоа да го изразува со нејзиното делување, но она што се случи користи само за нечии надворешни цели.Пред година и пол имаше избори чиишто резултати ги признаа сите. Тоа е демократски избрана власт. И сега, по година и пол, се измислуваат работи кои што тогаш не беа кажани. Свесни сме дека опозицијата тогаш го призна поразот и треба во таков стил да се однесува и натаму, рече Наумовска.
Маријан Камиловски, сликар учесник во проектот „Скопје 2014“ потенцира дека апсурд е на проектот да се лепи етикета дека е непродуктивен и да е оспоруван, затоа што стнува збор, како што рече Камиловски, за проект кој ја спасил Македонија и целокупната градежна оператива од безработица.
– Со тој проект останаа голем број луѓе вработени, а се инвестираше и во многу нови професии. Сите пари инвестирани во проектот остануваат да се вртат во Македонија. Ако еден проект спасува голем дел од македонската економија, зошто би бил непродуктивен, рече Камиловски кој додаде дека работите не треба да се гледаат низ примитивна бизнис логика, туку долгорочно.
На трибината пред присутните говореа и Бранко Крстевски, професор Јане Бакрески, Атанас Николовски- спортист, поетот и писател Славе Ѓорго Димовски и Јован Јаулевски.