Лондонските сини ќе мораат на поправен дуел во ФА Купот, откако ремизираа без голови со Норвич на „Кероу Роуд“ стадионот во 3-та рунда во ФА Купот.

Челси напаѓаше, имаше поголем посед на топката и седум шутеви во рамките од голот, но популарните „канаранци“ оддолеаја се изборија за нов натпревар.

На поправен од премиерлигашите ќе одат Лестер, Бурнмаут и Свонси кои ремизираа со Флитвуд (0-0), Виган (2-2) односно Вулверхемптон (0-0).

ВБА, Ватфорд, Саутемтпон, Њукасл и Манчестер Сити победувајќи ги своите ривали изборија пласман понатаму, а само Стоук отпадна од премиерлигашките екипи во 3-та рунда претрпувајќи пораз од Ковентри.

OhridNews