Ривалите од Манчестер, Јунајтед и Сити ги поделија бодовите во градската пресметка на Олд Трафорд во 10-та рунда од Премиер лигата ремизирајќи 0-0.
Двете екипи одиграа премногу претпазливо и дури во финишот од мечот имаше возбудувања и шанси за голови.
Меѓу неколкуте шанси за издвојување е само пречката на Џеси Лингард по додавањето од Ентони Марсијал.
По ремито „граѓаните“ го задржаа врвот во Премиер лигата, но сега имаат ист број на бодови со Арсенал, а „ѓаволите“ со два бода помалку се наоѓаат на четвртата позиција.
Резултати : Сандерленд – Њукасл 3-0, Бурнмаут – Тотенхем 1-5, Мен Ју – Мен Сити 0-0, Ливерпул – Саутемптон.
Табела : Мен Сити 22, Арсенал 22, Вест Хем 20, Мен Ју 20…
Мх.П.










