По вчерашната реакција на ФФМ за инцидентот во Качаник , на првенствениот натпревар Лепенец- Дрита кога беше запалено македонското знаме, денеска писмо со извинување испрати ФС на Косово во кое остро се осудува палењето на националниот симбол на македонската држава.

Инцидентот во телефонски разговор со претседателот на ФФМ, Хари Хаџи-Ристески го осудил и првиот човек на косовскиот фудбалски сојуз, Фадил Вокри.

Во разговорот меѓу другото е заклучено дека фудбалските релации помеѓу двете земји не треба да бидат нарушени од хулигани кои се обидуваат да го злоупотребот фудбалот и спортот за политички цели. Релациите помеѓу ФФМ и ФС на Косово мора да останат на високо ниво и двете федерации заеднички да се борат за спречување на хулиганското однесување и против злоупотребата на фудбалските натпревари за испраќање манифести кои можат да предизвикаат инциденти од потешки последици.

Претседателот на ФС на Косово, Фадил Вокри го информирал Хаџи-Ристески дека инцидентот е пријавен во косовската полиција и е побарано сторителите да бидат откриени и против нив бидат превземени соодветни мерки.

Ohridnews