Фејсбук ќе ја пушти својата криптовалута Либра веќе во јануари, објави Фајненшл тајмс, повикувајќи се на три извори.
Базирана во Женева, асоцијацијата „Либра“ ќе ја пушти дигиталната валута поддржана од американскиот долар. Но, валутата ќе биде пуштена во оптек во поограничена форма поради регулаторите и централните банки ширум светот, кои стравуваат дека тоа може да ја разниша финансиската стабилност и да ја наруши нивната моќ да печатат пари.

Стајблкоините имаат за цел да ја спречат нестабилноста на криптовалутите како што е биткоинот, што во теорија ги прави попогодни за плаќања и трансфери на готовина.
OhridNews











