Од 4 до 9 октомври 2021 Факултетот за туризам и угостителство – Охрид е домаќин на група професори од колеџот Жесе де Форе од Авен сур Елп Република Франција и Голвеј-Мајо, Tехнолошки институт од Република Ирска.
Трилатералната соработка меѓу високообразовните институции започната во 2017 година, продолжува во насока на дефинирање идни проекти и современи облици на соработка со размена на студенти и академски кадар, благодарение на вклученоста на шеф Кристоф Доверњ, член на француската кулинарска академија, основач и сосопственик на познатиот гастрономски портал 750 g.
Гостите од Франција и Ирска ги придружуваше почесниот конзул на Република Франција, г-ѓа Калиопа Кривашија Стилиновиќ.
OhridNews












