На работен состанок, деновиве, претставници од Факултетот за туризам и угостителство од Охрид и секторите за Локален економски развој од општините во Југозападниот плански регион, ги разгледуваа можностите за регионално поврзување во функција на развој на туризмот.


На состанокот биле разгледани приоритетите за развој во општините кои ќе придонесат за развој на туризмот. Приоритетите предложени од страна на претставниците на секторите за локален економски развој ќе бидат вградени во научната анализа што ја прави ФТУ Охрид.

Претставници од Факултетот за туризам и угостителство работат на истражување на потенцијалите на општините од Југозападниот плански регион. Резултатите од ова истражување ќе бидат објавени во средината на ноември. 

OhridNews