Австриската Бундеслига може да се подготви за евентуалното продолжување на сезоната. Според министерот за спорт Вернер Коглер, дванаесетте клубови и финалист во Купот, Австрија Лустенау, ќе можат да тренираат во мали групи до шест играчи од следната недела.

Ние како влада сакаме да го овозможиме тоа, и не сакаме да застанеме на патот. – рече Коглер на прес-конференција.

Бундеслигата треба да претстави концепт за најсилната лига, по што Министерството за здравство ќе ги постави условите за игра. Според информациите на Австриската новинска агенција, владата го гледа фудбалот како пилот проект за тимскиот спорт во ерата на корона пандемијата. Првенството теоретски може да се заврши се до почетокот или средината на август, па продолжувањето би можело да се закаже најдоцна за почетокот на јули. Постојат многу отворени прашања што треба да се дискутираат. Што се случува ако едно или повеќе лица од инволвираните се инфицираат за време на натпреварите? Набавката на потребните комплети за тестирање Ковид 19 е друго прашање. Се оценува дека секој еден тест чини по околу 100 евра.

Зборуваме за 200 луѓе на натпревар кои треба да бидат тестирани непосредно пред натпреварот. Исто така е јасно дека сите луѓе вклучени во фудбалот мора да се исто така тестирани. И тогаш се поставува прашањето колку тестови се потреби за време на тренинзите. Дефинитивно зборуваме за седум-цифрена сума, во зависност од тоа како ќе изгледаат барањата на здравствените власти. – вели претседателот на Бундеслигата Ебенбауер.

Покрај тоа, тестовите треба да се купат само ако е јасно дека има доволно за сите во општеството како целина. Исто така во моментов е нејасно кој ќе ги спроведе тестовите. За инспекторите на Националната антидопинг агенција (НАДА), ова не е можно заради бројот на персоналот. „Легално, тоа ќе отвори многу прашања. Дефинитивно мора да се поделат работите, контролниот тим нема да може да ги направи и двете тестирања“, вели шефот на НАДА, Мајкл Цепиќ. Коглер апелира на разговор помеѓу Бундеслигата, АФФ и Министерството за здравство како посредник.

Ние сакаме да работиме заедно и да ги дефинираме услови под кои натпреварите ќе се играат без гледачи. Секако дека ќе треба тоа што поскоро се одлучи. – вели Ебенбауер.

За да може топката да се тркала пред телевизиските екрани, потребно е се уште време. Носителот на ТВ правата Скај, чиј персонал главно доаѓа од Германија, ќе треба повторно да го засили темпото на работа. Исто така дополнителни проблеми може да настанат при враќањето на фудбалерите и нивните семејства во Австрија, бидејќи за сите ќе важи задолжителниот карантин од 14 дена со што секако ќе се наруши тренажниот процес. Продолжувањето на сезоната во Австрија ќе започне со куп финалето и тоа Салцбург против Аустриа Лусутенау кое првично беше закажано за 1 мај. Дополнителен термин ќе биде одреден за овој натпревар, како и за евентуалниот датум за продолжување на мечевите на видео конференцијата меѓу членките на клубовите и раководството на Бундеслигата. До крајот на шамионатот треба да се одиграат 10 кола и тоа од т.н. „плеј-оф“ група за титулата и „плеј-аут“ група за опстанок. Отворено е се уште прашањето околу втората Австриска лига, додека сите останати пониски лиги се прекинати и нема да се прогласуваат победници но нема да има ниту испагање.

OhridNews