Фудбалерот на Мајнц, Таиво Авонији одредено време ќе помине во болница под докторски надзор после страотниот пад и потешката повреда на главата.

Авонији при обидот да го загрози голот на Аугсбург се судри со противнички играч и падна како покосен на теренот. Докторите од двете екипи му пружија прва помош доволно до првата болница во градот.

22-годишниот фудбалер од Нигерија во Мајнц настапува како позајмен фудбалер од англискиот премиерлигаш, Ливерпул.

OhridNews