Најтрофејниот клуб во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед на својот капитен Мајкл Карик му даде опција сам да си одлучува за својата иднина во екипата.

Последниот фудбалер од шампионската генерација на Сер Алекс Фергусон која ја покори Европа 2008 година надвор од терените е веќе два месеци поради проблеми со срцето.

– Со назначувањето за капитен на секој му ставивме до знаење што значи Карик за оваа екипа. Неговото место околу мојата канцеларија го чека, а исто така и капитенската лента. Јас како менаџер и клубот му дадовме одврзани раце на Карик сам да си одлучува за својата иднина. – изјави Мурињо после мечот со Брајтон кој „ѓаволите“ го добија со 1-0.

Одлуката на Карик е да тренира и да се врати во стројот, а тој не ја отфрли ниту можноста да заземе место во стручниот штаб на Мурињо.

OhridNews