Офанзивниот фудбалер на англискиот премиерлигаш Тотенхем, Сон Хонг Мин го отслужи воениот рок, кој е задолжителен за секоја машка личност во Јужна Кореја.
27-годишниот член на „петлите“ воениот рок го заврши со награда за пукање со огнено оружје. Тој имал најдобар резултат во 157 војници, кои учествувале во пукањето.
Тој беше добар пример за сите, како една позната и наша драга личност ги почитува правилата од државата. Тој си ја доби заслужената наградата, а ние ќе продолжиме да го бодриме каде и игра во текот на кариерата. – стои во соопштението од корејската армија.
Сон Минг во војската во Јужна Кореја беше вкупно три седмици. Тој доби поштеда поради успесите по кои е препознатлива неговата земја. Иначе, воениот рок во Јужна Кореја трае 2 години.
OhridNews