На германскиот интернационалец во редовите на Твенте, Стефан Хекер пред два месеци му беше дијагностициран рак на тестисите.

Тој храбро се соочи со болеста и продолжи да игра фудбал, а терапијата ја започна со два погодоци за неговиот тим во мечот со АЗ Алкмар кој зврши без победник (2-2).

Инаку, Германецот кој настапува како позајмен фудбалер од Гројтер Фурт во игра влезе во 70-та минута и за само 20 минути успеа да го крене целиот стадион на нозе.

После завршувањето на мечот навивачите на Твенте и целиот стадион го скандираа името на Хекер кој заслужено ја добива спортски херој на годината. 

OhridNews