Фудбалерот на Лилестром, Александер Мелгавис Андреасеан со стриптиз пред навивачите ја прослави титулата од националниот Куп во Норвешка.

28-годишниот дефанзивец генатилиите после соблекувањето на последното парче облека ги покри со трофејот и предизвика лавини позитивни и негативни реакции во Норвешка и светот.

Лилестром до шестиот трофеј вкупно во Купот, прв после десет години стигна со победата 3-2 над тимот на Сарпзборг во финалето.

Норвешкиот фудбалски сојуз остро реагираше за потегот на фудбалерот од Лилестром, но одбегна да покрене било каква иницијатива за санкционирање.

OhridNews